Пирели подготвен за старт на сезоната
За гран-при викендот во Австралија на стартот на сезоната од 14-16 март тимовите на располагање ќе ги имаат медиум и меките пневматици кои ќе се користат и на големата награда на Бахреин...

На 12 дена до стартот на новата сезона во Формула 1, единствениот снабдувач со пневматици на тимовите на последниот ден од претсезонските тестирања во Бахреин ги објави компонентите на пневматиците што ќе бидат користени на првите трки.
За гран-при викендот во Австралија на стартот на сезоната од 14-16 март тимовите на располагање ќе ги имаат медиум и меките пневматици кои ќе се користат и на големата награда на Бахреин од 4-6 апрлил, додека за втората трка во Малезија од 28-30 март на располагање ќе бидат тврдите и медиум пневматиците.
Од Пирели и информацијата по деталните анализи на добиените резултати од тестирањата во Херез и Бахреин дека новите пневматици се поконстантни и помалку се трошат од минатосезонските, но и натаму оставаат многу простор за различни стратегии на тимовите и дека се очекуваат стандардни 2-3 застанувања во боксовите за време на трка.
