БЕРЛИН

Самит на лидерите на Западен Балкан и ЕУ

29.04.2019 10:54

Заедно со другите лидери од земјите од Западниот Балкан премиерот Зоран Заев попладнево во Берлин ќе има итен состанок со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Од владата е потврдено присуството на Заев во Берлин и најавени се негови средби со Меркел и со Макрон.

Покрај Заев, во берлин ќе бидат Александар Вучиќ од Србија, Еди Рама од Албанија, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Денис Звиздиќ од БиХ.  Поканети се  и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ, а како гостинка   и високата претставничка на ЕУ за  заедничка безбедносна  и надворешна политика Федерика Могерини.

Денешната средба   во Берлин  е нова  заедничка  иницијатива на Меркел и на Макрон. Во фокусот се очекува да бидат  односите  меѓу Белград и Приштина иако без многу очекувања за суштински напредок .