РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

Горивата поскапуваат од полноќ

30.04.2019 13:51

Ново поскапување на горивата од полноќ.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензинот од 95 октани се зголемува за половина денар, додека цените на  бензинот од 98 октани, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за денар.. Од полноќ, литар бензин од 95 октани ќе се продава за 72 денара за литар, два денара поскап ќе биде бензинот од 98 октани, литар дизел ќе се точи за 63,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 52 денара.. Цената на мазутот благо се намалува.. Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 1,12 проценти, како резултат на поскапата сурова нафта на светските берзи.. Курсот на денарот во однос на доларот во изминативе две недели бил понизок..  Ова е последно утврдување на цените по постојната методологија, бидејќи на 8 мај истекува обврската од купопродажниот договор со ОКТА..