СИНДИКАТИ

Протесни маршови на синдикатите во Скопје

01.05.2019 10:54

Во светот традиционално синдикатите и нивното членство со низа манифестации и протестни маршови го одбележуваат меѓународниот ден на трудот 1 мај.

Во организација на повеќе синдикати протестни маршови  со барања за подобрување на статусот на членовите и на вработените  ќе се одржат денеска и  во Скопје. Сојузот на синдикати на Македонија   ќе тргне од седиштето  кон Владата,

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија  ќе го одбележи 1 мај, со првомајското протестно движење во центарот на метрополата.

Првомајски марш организираат и самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, синдикатот на македонската дипломатска служба, независниот академски синдикат и синдикатот на културата.