Поттик за малите семејни винарници
Се подготвуваат новини во законот за вино. Според ресорното министерство ќе се олесни производството на вино во малите семејни винарии. Со предлогот тие ќе можат полесно да се регистрираат и да продаваат директно од визбите.

Нови правила во винарството.
Се подготвуваат измени на законот за вино кои ќе го олеснатат работењето на мали винарии и на физичките лица производители на вино.
Ќе се овозможи развој и отворање на нови мали семејни винарии кои ќе може полесно да се регистрираат и произведеното на вино самите да го продаваат на пазарот.
За малите винарници нема да е потребно вработување на енолог, туку ангажирање со соодветен договор.
Се предвидува и воведувањето на правила за производство и промет со органско вино и напитоци на база на вино, како што се ароматизираното вино, пијалак на база на вино и вински коктел.
За целосно усогласување со Регулативите на Европската унија најголеми промени во законот ќе претрпи делот што се однесува на класификација на вината, производството, означувањето и заштитата со географски назив. Примената на измените во законот се очекува да почне за една година.
