Поддршка во овоштарството
Овоштарите директните плаќања ги добиваат по 3 основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти.

Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари.Највисоки се директните плаќања за јагоди одгледувани во контролирани услови кои изнесува 99.000 денари за хектар . По 41.000 денари следуваат за другите видови овошје, а за површини од 1 до 5 хектари поддршката е 50 000 денари за хектар.
За слива и праска ќе се добива по 36 000, односно за насади до 5 хектари по 42 600 денари. На помала поддршка имаат право одгледувачите на дуњи, мушмули, калинка, смоква, маслинка,бадем и лешник, од 25 до 30 000 денари во зависност од големината на површината.За оревите и костените годинава следуваат од 15 до 18 000 денари за хектар.
За предаденото овошје во преработувачките капацитети директно или преку регистриран откупувач од декеври до 2018 до декември годинава земјоделците имаат право на по 3 денари за килограм.
На овоштарите кои ја промениле сотата на овоштарникот во 2017 или 2018 година им следува дополнителна поддршка од 4 500 до 9 900 денари за хектар во зависност од културата.
