Од 1 јули „ЕВН- Хоум“ ќе испраќа сметки за струја
Од 1 јули домаќинствата и малите потрошувачи ќе добиваат сметки за потрошена електрична енергија од новоформиранатаата компанија ,,ЕВН-Хоум“.

Ќе добие лиценца од Регулаторна за снабдување со електрична енергија, со обврска и обезбедување како универзална услуга и снабдување во краен случај. Цените на струјата за овие категории потрошувачи и натаму ќе ги одредува Регулаторната комисија, но тие можат во секое време да излезат на слободен пазар доколку добијат подобра цена од регулираната.
Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,,Регулаторната комисијаза енергетика до 30 јуни 2019 ќе ја донесе новата одлука за цена на електрична енергија за малите потрошувачи и за домаќинствата со тоа што сега ќе ни биде поедноставна работата бидеејќи веќе маржата што ќе ја добива ,,ЕВН-Хоум“ е утврдена со самиот тендер.Но истиот тип на сметки ,истиот концепт и истиот тарифен систем за малите потрошувачи и за домаќинствата ќе продолжи да се применува и натаму ,вклучувајќи го и времетраењето на ефтината тарифа за домаќинствата.“
Откако новиот претседател на државата ќе го потпише указот за прогласување на законот за енергетика, Регулаторна ќе ја објави новата методологија за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, најави Бислимоски.
Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,,Новата цена ќе се формира врз основа на цената што е на светските берзи ,за секој дериват одделно, потоа големо влијание ќе има и курсот на доларот.Со новата методологија нема да предизвикаме никакви ценовни шокови за домаќинствата и за сите потрошувачи во нашата земја.“
Соодветно влијание врз цената на дериватите ќе имаат и маржата на странските трговци на големо, трошоците за транспорт до складиштата, надоместокот за превоз до бензинските пумпи и секако маржата за трговијата на мало. Во меѓувреме се чекаат податоци од Царинската управа за да се дефинира новата Методологија за пресметување на цените на дериватите, по 8 мај годинава , кога завршува важноста на анексот ,,Д“ на купопродажниот договор за ОКТА.
Свето Николовски
