СКОПЈЕ

Папата Франциск служи миса на плоштадот „Македонија“

07.05.2019 11:10

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск претпладнево служи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

На мисата присуствуваат околу 15.000 граѓани од земајва, како и верници од странство.

Папата на плоштадот дојде со т.н. „папамобил“, каде што беше пречекан од мноштвото собрајни граѓани.

По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Агендата на папата може да ја следите во живо на МРТ 1 и на следниот линк.