Летонија за деби на Ѓуровски и за нов почеток на репрезентацијата!
Шесте месеци до почетокот на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2016-та година во Франција изгледаат голем временски период, но новиот селектор на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски ќе нема многу можност да им ја презентира својатата филозофија на фудбалерите и да брзо да направи големи промени.

До дуелите со Шпанија, Словачка, Украина, Белорусија и Луксембург, нашата најдобра селекција ќе одигра максимум три контролни натпревари, па почетниот позитивен елемент е тоа што костурот на репрезентацијата е ист. На Ѓуровски ќе му остане низ пријателските дуели да ја промени формацијата, можеби да најде нови позиции за некои играчи каде штом ќе бидат покорисни, па и да промовира нов лидер по откажувањето на Пандев и привременото отсуството на Новески.
Пресметката со Летонија в среда на Националната Арена Филип Втори ќе ја има таа цел.Селкторот Ѓуровски кој ќе дебитира на клупата на Македонија се соочува со првите и тоа кадровски проблеми. Заглавен со семејството во Украина, Боби Грначаров кој настапува во Таврија има објективни проблеми за да допатува во Македонија и нема да настапи на овој натпревар. Дефинитивно не доаѓа и повратникот Марио Ѓуровски чиј клуб Муангтонг Јунајтед од Тајланд не е задоволен што требаше да мине толкав пат и да биде отсутен неколку дена за пријателски натпревар, па не му даде дозвола.
Сепак, најголемиот број фудбалери се дел од репрезентацијата на којашто денеска и се приклучија и Агим Ибраими, кој вчера го постигна првиот гол за Каљари во Серија А против Удинезе, потоа Мухамед Демири, кој играше за Сент Гален против Луцерн во швајцарското и Ферхан Хасани, кој во данското првенство настапи за Брондби против Рандерс.
Преносот од натпреварот Македонија – Летонија што е прв меѓусебен на овие две репрезенатции ќе биде на МРТ-1 в среда во 19 часот, додека специјалната емисија ќе почне половина час порано.
