ПАРИ

Поддршка за замена на земјоделски култури

08.05.2019 11:20

Земјоделците што ќе решат да ги заменат житните култури со попрофитабилни насади, го остваруваат условот и за дополнителни субвенции. За оваа намена ќе се добива 30 проценти поголема поддршка за период од 5 години.

На дополнителни субвенции имаат право земјоделците кои произведуваат  жита и кои сакаат да ја променат културата во градинарство на отворено, во пластеници и во овоштарници и лозја.

Право на овие пари имаат земјоделските стопанства кои освен пченица или друг вид на житна одгледуваат и градинарски, овошни и лозови насади.

Вкупната површина по стопанство треба да биде помала од 5 хектари, а услов е досега да добивале субвенции само за житните култури во приод од последните 3 години.

Висината на дополнителната финансиската поддршка изнесува 30 проценти од основната субвенција за градинарство,овоштарство и лозарство.

Парите земјоделците ќе ги добиваат во рок од пет години од замената на производството.

Доколку постоечките овошни и лозови насади овоштарите се решат да ги обноват со нови сорти можат да побараат и дополнителни од 4 500 до 9 900 денари за хектар во зависност од видот на културата.