ИРАН

Делумно повлекување од нуклеарниот договор

08.05.2019 14:24

Иран ги намалува своите обврски кон нуклеарниот договор. Во 2015 година, Русија, Кина, Германија, Франција и Велика Британија, заедно со Иран и со САД ја потпишаа спогодбата. Техеран е обврзан да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции. Тензиите се зголемени во пресрет на годишнината од американското повлекување на иранскиот нуклеарен договор.

Иранскиот претседател Хасан Рохани со ултиматум до земјите потписнички на Нуклеарниот договор од 2015 година. Имаат рок од 60 дена за да ги извршат обврските од спогодбата позната како Заеднички сеопфатен план за акција. Во спротивно, збогатениот ураниум останува во земјата и ќе се произведува со уште повисок процент. Револтиран е од односот на европските држави кои, според него, само со збор се придржувале до условите, а во практика не го спровеле ветеното. САД се повлекоа од Спогодбата пред една година. Британија, Франција и Германија ветија дека ќе преземат акции за да се неутрализираат рестрикциите предизвикани од едностраната одлука.

Хасан Рохани - Претседател на Иран

Ова не е крај на Пактот, туку нова фаза на Договорот во контекст и во согласност со содржината на документот. Иран се премисли за две мерки во однос на продавањето на збогатениот ураниум и на тешката вода. Ако петте земји дојдат на преговори и се согласат со нашите интереси, ние ќе се вратиме на првичниот став.

Мохамад Зариф - Министер за надворешни работи на Иран

За жал, ЕУ и друите членки на меѓународната заедница не беа способни да издржат под притисокот на САД. Поради тоа, Иран реши да запре со извршување на дел од своите обврски. Нема да прави ништо спротивно на Договорот, туку ќе постапува целосно во рамките на членот 26 и 36.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во ненајавена посета на соседен Ирак каде што се распоредени многу американски трупи. Неодамна во регионот се стационираше и американски носач на авиони, „Абрахам Линколн“ бидејќи администрацијата во Вашингтон тврди дека во регионот постои нова закана од Иран.

Мајк Помпео - Државен секретар на САД

Не сакаме некој да се меша во нивната земја, особено не преку напад врз друга нација во ирак. За тоа постои целосна согласност. Министерството за одбрана беше конкретно. Презедовме се што можеме за да спречиме каков било напад.

Политиката за Блискиот исток на претседателот Доналд Трамп гравитира околу зголемување на притисокот врз Техеран. Иран веќе неколкупати се закани дека планира и да  го блокира стратегисикиот Ормутски теснец којшто е клучен премин за извозот на нафта.