ДИВО НАСЕЉЕ

Изминаа четири години од Диво Насеље

09.05.2019 14:27

Се навршуваат четири година од дводневната оружена пресметка во кумановското „Диво Насеље“, при што животот го загубија осум припадници на министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.

Загинатите полицајци  претседателот  Иванов посмртно  ги  одликува  со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата .

Во борбата против терористичката група, во одбрана на Република Македонија и нејзините граѓани животите ги загубија:

– Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово

– Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар

– Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово

– Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје

– Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар

– Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје

– Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје

– Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје

Покрај осумтемина припадници на полициските сили, во оружената престрелка беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, судот  33 лица ги  осуди  за делата, а за четири лица  беше  донесена ослободителна пресуда.