Оглас за набавка на трактори
До крајот на овој месец земјоделците кои сакаат да купат трактори можат да побараат финансиска поддршка од платежната агенција. Право на овие субвенции имааат оние производители кои досега не земале пари од ИПАРД или од националната програма за оваа намена.

До крајот мај, земјоделците ќе може да поднесуваат барања за добивање субвенции за набавка на трактори од програматата за рурален развој.
Вкупните прифатливи трошоци по корисник изнесуваат до 3 и пол милиони денари, а парите се исплаќа по принципот на ко-финансирање во висина од најмалку 50 до најмногу 75 проценти од инвестицијата.
Услов е земјоделците да имаат минимум 2 хектари производство на различни или на една земјоделска култура или минимум 0,5 хектари за производство на зеленчук на отворено.
На овој повик може да се набават трактори, но, не и приклучна механизација.
Барателите кои досега купиле трактори преку ИПАРД и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.
Барањата се поднесуваат до платежната агенција во електронска форма.
