РОМАНИЈА

Поенти од неформалниот самит на лидерите на ЕУ

10.05.2019 14:29

Челниците на европскиот блок ветија дека ќе продолжат да работат на зацврстувањето на позицијата на Европа на глобалната сцена..... На неформалниот состанок во Романија усвоија декларација за одбрана на „единствена Европа“ иако и натаму постојат сериозни поделби околу некои клучни прашања и предизвици... Високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини порача дека е важна интеграцијата на западниот Балкан.

Борбата со климатските промени, заштитата на владеењето на правото и пронаоѓањето нa модерен модел за раст во фокусот на интересите на Европската унија за идниот период. Неформалниот самит во Романија на 9 мај, Денот на Европа, не резултираше со конкретни одлуки за начинот на кој би биле постигнати нивните амбициозни цели. Иако британскот Брегзит беше меѓу поважните теми, на состанокот во Сибиу не присуствуваше лидерот на Обедиентото Кралство. За 28 мај, два дена по изборите за Европскиот парламент, е закажана средба за номинација на челниците на највисоките тела во Унијата.

Емануел Макрон - Претседател на Франција

За 15 дена, 400 милиони Европјани ќе бираат меѓу проект за натамошен развој на Европа и проект за уништутвање, реконструирање и враќање на национализмот. Во наредните години очекувам да видам заштита на границите, модел за раст, социјален модел.

И покрај поделеноста околу повеќе прашања, меѓу кои се демократските стандради, миграцијата, и надворешните предизвици од Иран, Русија и САД, европските лидери потпишаа декларација со која ветуваат единство и одбрана на „единствена Европа“, и во лошо и во добро, Европа која секогаш ќе бара заедничко решение.

Жан Клод Јункер - Претседател на Европската Комисија

Многупати се велеше дека ЕУ не умее да ги исполни очекувањата на народот. Имаме над 300 илјади правила и директиви кои се предложени од Еврокомисијата. 80% од нив беа едногласно усвојувани.
 

Антонио Тајани - Претседател на Европскиот Парламент

На националните лидери им реков да станат лидери со визија за Унијата. Европа е пребирократска, во неа преовладуваат технократите. Многу често, тие одлучуваат за судбините на граѓаните, а  институциите се предалеку од народот на Унијата.

Ангела Меркел - Канцелар на Германија

Важно е да се дефинира нашата улога во светот. Се обврзавме на Европа на заеднички вредности, односно мултилатерална соработка за којашто постои голем договор, што значи дека мора да се справуваме заедно со големите прашања. Една земја не може самостојно да ги решава глобалните проблеми.

Во Романија се дискутираше и за Стратегиската агенда за периодот од 2019 до 2024 година. Сегашната се фокусира на пет главни области: работа, раст и конкурентност; заштита на граѓани; политика за енергија и клима; слобода, безбедност и правда; и ЕУ како силен глобален играч.