Бахреин низ бројки
Често се само статистока, но анализа на бројките запишани на тестовите во Бахреин може да навести кој како ќе ја почне новата сезона во Ф1.

Не беше тајна дека моторот на Мерцедес е постојан уште од тестовите во Херез, но потврдата стигна на истокот. 4-те тима што го користат агрегатот на Мерцедес на патеката во Бахреин останаа најдолго и минаа вкупно 1462 круга, 3-те тима со моторот на Ферари 968 кругови, а најмалку, 874 пати патеката ја завртеа 4-те екипи со агрегатите на Рено.
Следствено, тимот на Мерцедес мина најмногу километри- 4972, Вилијамс со моторот на Мерцедес мина 4893 километри, тимот на Ферари 4488 километри, а Ред Бул со проблематичниот агрегат на Рено само 1705 километри.
Фелипе Маса со Вилијамсот придвижен од Мерцедес имаше најбрзо време 1.33.258, Луис Хамилтон со Мерцедес беше побавен само 2 стотинки , додека за споредба актуелниот шампион Себастијан Фетел имаше време 1.37.468 или повеќе од 4 секунди побавно од Маса.
Се претпоставува дека перфомансите на новиот В6 агрегат на Рено се намерно намалени со цел да може да остане подолго на патеката и колку толку да се надминат проблемите со прегревања при максимално оптоварување.
