РКЕ

Регулаторна за правниот вакуум кај цените

13.05.2019 15:54

Формирањето на цените на дериватите влезе во правен вакуум.Регулаторна чека собранието неделава по втор пат да ги донесе измените и дополнувањата на законот за енергетика и новиот претседател на државата да го потпише указот.

Дури потоа  комисијата  ќе   може да  закаже седница  и да ја донесе новата методологија за формирање на цените на дериватите. 

 
Марко Бислимоски-претседател на  Регулаторна комисија за енергетика
 
,,Во однос на ценовните шокови и порано  и сега ќе потенцирам ,не очекувам трговците да си направат било каква авантура и да предизвикаат од утре каков било ценовен шок.Доколку  влезат во таква авантура  при носењето на новата методологија ние тој нивен однос ќе го земеме во предвид.“
 
Првиот регулатор Бислимоски очекува наредниот понеделник комисијата да ја донесе и објави новата методологија за цените која што ќе ја замени постоечката.Во досегашниот модел во фокус беше производствената цена на рафинеријата ОКТА ,а во новата цената ќе зависи од берзанската цена на дериватите и курсот на  денарот кон доларот, но и од трошоците за транспорт  до домашните депоа,маржата на странскиот трговец на големо,како и од трошоците за транспорт до бензинските станици  и маржата на трговецот на мало .
 
Марко Бислимоски-претседател на  Регулаторна комисија за енергетика
 
,,Доколку би ја примениле минатата методологија  би требале да се движиме во рамките на постоечките цени со минимални отстапувања во зависност од дериватот.“
 
Маржата  кај дериватите ќе биде далеку помала во однос на  11,5%  за снабдување кај тендерот за универзален снабдувач за струја ,  најавува Бислимоски .
Ќе има корекции кај  трговската  маржа  од 3,2 денари за литар гориво утврдена во 2002-ра,како и кај надоместокот  за транспорт до бензинската пумпа од 0,5денари .  
 
Според анализите на комисијата  имаме најниска цена на дизелот во Европа ,освен Русија,Белорусија,Украина и Молдавија. 
Бисломоски вели дека и досега немало проблеми со методологијата за утврдување на цена на дериватите ,но  проблем била обврската од купопродажниот договор за ОКТА за преземање  500.000 тони мазут годишно.Поради ова  државата  еднаш веќе и плати на Хеленик петролеум 40 милиони долари за непреземениот мазут според одлука на Арбитражниот суд ,а веќе има и нова тужба за  32 милиона  долари. 
 
Свето Николовски