Бројна состојба во овчарството
Ќе се утврдува точниот број на овците во земјава. По различните податоци од теренот и од платежната агенција, министерството за земјоделство треба да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба. Субвенции се земаат за 700 000, а фармерите велат дека има едвај 450 000 овци.

Различни податоци за бројната состојба на овците во земјава.
Според земјоделските здруженија во земјава има околу 450.000, а официјално субвенции се земаат за повеќе 700.000 овци.
Од Министерството за земјоделство велат дека ќе излезат на терен за да се утврди точниот број на животни и да се превземат соодветни мерки бидејќи вака овчарите и министерство не можат да постигнат договор ниту за бројот, ниту за висината на субвенциите за јагнешкото.
По предлогот на Министерството секое здружение треба да испрати попдатоци за сите трошоци што ја формираат цената, а тоа ќе се спореди со анализите на институцијата за да може да се утврди и висина на субвенциите за покривање на производствените трошоци на одгледувачите на овци.
Според најавите, Агенцијата за храна и ветеринарство до крајот на јуни ќе заврши со пописот и ќе излезе со точниот број на овци што е важно за прецизно дефинирање на политиките на среден и на долг рок, како и за правилна распределба на субвенциите за овчарството.
