Нови цени по стар терк
Значителни промени на цените на нафтените деривати на бензинските пумпи нема.. Иако правниот вакуум им даде можност сами да кројат колку ќе чини литар бензин или дизел , трговците ценовната политика ја подредија на веќе утврдената ..

Бензините поевтинија за денар , дизелот поскапе за половина ..Поголеми поместувања нема.. Од владата оценија , пристапот е коректен , иако пазарот е либерален.. Најмалку една недела нафтените дистрибутери сами ќе дефинираат за колку пари ќе ги продаваат горивата .. Законските корекции за енергетика го чекаат собранискиот филтер, но вицепремиерот Ангушев вели и со новата методологија државата нема да се меша во ценовната политика.. Максималниот праг ќе биде поставен само за да се заштитат граганите од монополското здружување..
„Државата единствено само ќе постави максимален праг на цените на горивата, а под тој праг им е дозволено на сите нафтени компании или компании што се занимаваат со продажба на нафтени деривати да воспостават свои пазарни цени. Максималниот праг е со цел да ги заштити граѓаните од евентуалното монополско здружување кое не можам да кажам дека постои“ посочи Кочо Ангушев- вицепремеир за економски прашања
Според годишниот извештај на регулаторната комисија , државава лани има увезено речиси 990 илјади тони нафтени деривати .. Најмногу 80 насто од количините сме ги купувале од Грција . А со речиси 77 проценти ,најголем увозник била Окта ..Договорот со Хеленик петролеум, истече.. Иако од пресметките се исклучи досегашниот трошок од 29 долари за тон за рафинеријата ,очекуваните поволни ценовни поместувања ги нема .. Од регулаторната комисија најавија дека со новата методологија цената ќе зависи од берзанската и од курсот на денарот во однос на доларот , но и до маржите за кои компаниите бараат да бидат повисоки, од сегашните 3,2 да се зголеми на 6 денари.
„Тука би требало да пристапиме со едно внимание како на крај цената не би ја платиле граѓаните на нашата држава, а и не само граѓаните во делот на социјалната компонента, туку и индустријата и транспортот, практично сите сегменти на економското живеење во државата што зависат од нафтата и нафтените деривати. Од тука е внимателноста на РКЕ, но секако и понатаму останува сите нафтени компании своите цени да ги намалуваат, односно да си конкурираат едни со други и на бензиските пумпи доколку сакаат да остварат поголема продажба.. на компаниите е дали ќе се откажат од маржата“ – вели Анѓушев
Сепак надлежните тврдат : Со новата методологија има можност регулаторната комисија цената да ја држи под контрола ,да ја ограничи ако неразумно расте на пазарот..
Сузана Фиданска Стоевска
