КОНСОЛИДАЦИЈА

Нов повик за окрупнување на нивите

16.05.2019 10:34

Земјоделците кои имаат повеќе мали парцели на различни места можат да конкурираат на проектот на Европската Унија за консолидација на земјоделското земјиште. Рокот за доставување на изјавите за интерес трае до 20 мај годинава.

Проектот финансиран од Европската Унија ги поканува сите сопственици на земјоделско земјиште да учествуваат на јавниот Повик за изразување на интерес за учество во консолидацијата на земјоделското земјиште.

Право на учество имаат групи на сопственици чие што земјиште се наоѓа на иста територија.

Главната цел на проектот е да им се помогне на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги надминат проблемите што произлегуваат од големата расцепканост на земјиштето, малите парцели и несоодветната земјоделска инфраструктура.

Целта е и да се зголеми продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на фармите, со што ќе се зајакне потенцијалот на земјоделскиот сектор во земјата.

Рокот за доставување на изјавите за интерес е 20 мај  годинава.

Упатството и обрасците може да се подигнат во Министерството за земјоделство, подрачните единици и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.