ЕВРОВИЗИЈА

Тамара се врати во Скопје, ја пречекаа фановите

20.05.2019 11:22

Очекувавме повеќе, но среќна сум што Ве направив горди.. Ова е резултат на тимска работа, љубов и посветеност – Тамара Тодевска по пристигнувањето со евровизискиот тим од Тел Авив.

Семејството и фановите ја пречекаа на скопскиот аеродром.. Со гласовите на жирито „Прауд“ долго стоеше на врвот.. Пресвртот го стори телевоутингот.. Завршивме на 8-то место, што е најдобар пласман  на земјава од 98-та година, откако учествуваме на избор за песна на Евровизија...