Стотина барања дневно за неплаќање паушал за парно
Регулаторната комисија за енергетика ги решава проблемите на исклучените граѓани од парно. Проблематичните барања кои што БЕГ не ги прифаќа, поради немање соодветна документација за сопственост, во вид на претставка се упатуваат до Комисијата.

Регулаторна во рок не подолг од 10 дена одговара на сите барања.
Марко Бислимоски –претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,,Во оваа представка треба да достават доказ дека живеат во станот.Меѓу другото треба да достават имотен лист, договор за закуп,односно било кој документ со кој што ќе докажат дека живеат во станот. Вклучително и платени сметки во последните 6 месеци за електрична енергија.“
Според Бислимоски, во најголем дел, речиси 99% од претставките се прифаќаат, решенија се носат во рок не подолг од 10 дена и се упатуваат до потрошувачот и до ,,БЕГ“.
Деновиве комисијата ќе ја донесе и новата методологија за одредување на цени на нафтените деривати и според неа цените ќе бидат пониски во однос на старата. Регулаторите секои 7 дена ќе одредуваат максимални цени . Барањата малопродажната маржа да биде 6,5 или 6,2 денара не било прифатено и таа ќе биде под 4,8 денари за литар.
Марко Бислимоски –претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,,Наредниот понеделник ќе донесеме нови цени ,кои што ќе бидат максимални цени ,согласно новата методологија што ќе ја усвоиме во наредните два дена.Нагласувам дека определуваме максимални цени.Над таа цена не може да оди ниту една компанија,под таа цена оставаме простор за конкуренција.“
Ќе биде коригиран трошокот за транспорт на компаниите ,најави Бислимоски ,а во големопродажната маржа ќе биде вграден и дел за складирање и набавка,што ќе им обезбеди профитабилно работење на компаниите ,вели Бислимоски.Според него во овој правен вакуум нафташите биле коректни во однос на цените .Најголемо влијание во новиот модел на цени ќе имаат средната дневна берзанска цена на секој одделен дериват и средниот курс за доларот на Централната банка.
Свето Николовски
