Студена војна поради Украина!?

03.03.2014 13:32

Г-8 станува Г-7. Запад ја осуди руската акција на Крим и најавија трговска изолација на Русија. Според Вашингтон, нема да се одржи најавениот самит на најбогатите во Сочи. Берлин е умерен...

Расте тензијата во Украина, руските сили се групираат на Крим, населението ги блокира патиштата, а привремената влада ги мобилизира воените сили. Медиумите јавуваат дека телефонските линии се во прекин. Руските трупи ноќеска зазеле украинска воена единица и терминал за траекти. Според весникот “Украинска правда“, биле употребени светлосни и шок бомби. Владата размислува да ја затвори границата со Русија, изјави Виталиј Јерем заменик на премиерот Јацењук. Министрите за надворешни работи на вонреден состанов во Брисел.  Генералниот секретар на НАТО Расмусен, ја повика Русија да ги повлече своите силиод Крим. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска ќе разговара со рускиот министер Лавров, Државниот секретар на САД утре е во посета на Киев. Ја осуди акцијата на Москва нарекувајќи ја „агресија“. Брисел е исто така загрижен.

„Народот на Украина припаѓа културно, емотивно политички  на Европа. Тие сакаат да бидат дел од европското семејство. Најмногу што можеме да направиме е да го сочуваме нивниот суверенитет“, рече Жозе Мануел Баросо претседател на Европска Комисија.

Г-8 станува Г-7. Запад  ја осуди руската акција на Крим и најавија трговска изолација на Русија. Според Вашингтон, нема да се одржи најавениот самит на најбогатите во Сочи. Берлин е умерен.

„Г-8 може директно да влијае врз Русија, и на тој начин да се смири состојбата, да не ескалира. Ние силно треба да дејствуваме и да испратиме сигнали  Русија да ги почитува Украинците и нивниот територијален интегритет. Додека Украинската влада треба да биде влада на целиот народ, да ги заштити малцинствата и да повлече неколку спорни закони како Законот за јазиците“, изјави Валтер Штајнмаер, министер за надворешни работи на Германија.

Поранешниот премиер на Украина Јулија Тимошенко, која неодамна беше ослободена од затвор не верува во преговорите на релација Киев-Москва. Но и покрај притисоците од Запад, Русија не се откажува од Крим кадешто живее 57 насто руско население. Во Севастопољ е вкотвена и црноморската флота, која брои 15 илјади руски маринци и која стратегиски го надгледува патот кон теснецот Босфор. Москва се уште не е декларирала, но сценариото наликува на она во Сирија, кадешто е единствената руска база во Медитеранот. Дали украинската криза најавува и запирање на стратегискиот руски гасовод „Јужен Тек“?

Марија Петковска