ПРЕС
,,Од среда стартува социјалната реформа“
26.05.2019 18:07
Исплатата на социјалните права според новите законски решенија почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300% најави министерката за труд и социјална политика Цароска .

Ги повика сите лица коишто се во социјален ризик, од среда, да се пријавуваат во центрите за социјални работи за да можат да ги добијат новите надоместоци, предвидени со социјалната реформа.
Мила Царовска-министер за труд и социјална политика
,,Повикот се однесува на сите коишто досега примале социјална помош, домаќинствата со деца коишто се со една минимална плата, невработени родители коишто чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години коишто не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.“
Со реформата четиричлено семејство, со две школски деца, ќе зема месечен надоместок од 10 илјади 600 денари , вели Царовска. Според неа, овој семеен пакет ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот ,образовниот и енергетскиот додаток,а досега истото семејство најчеесто добивало социјална помош од околу 3.000 денари.
Опозицијата со критики за социјалната политика и мерките на власта.Обвинија дека пратениците на СДСМ не ги прифатиле амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што предвидуваа да им се помогне на најзагрозените семејства во земјава.
,,Граѓаните видоа дека Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината, наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение. Граѓаните се запознаени дека СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија ја обвини власта и дека не прифатила продолжување на правото на парична помош на мајка која родила четврто дете, невработена е и не користи право на пензија до наполнување на возраст од 62 години. Според ВМРО-ДПМНЕ ова право било предвидено во старото законско решение и обезбедувало помош од 8000 денари .
Свето Николовски
