ПАРИ

Пријавување за земјоделски субвенции

27.05.2019 10:59

Завршува рокот до кога земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции за 2019 година. Барателите до 30 мај можат сами електронски да ги доставуваат барањата или да побараат помош за аплицирање од подрачните единици. Сточарите треба да имаат и евиденција за бројната состојба на животните.

Земјоделците можат да поднесуваат барање за субвенции до 30 мај годинава.

Барањата се поднесуваат по електронски пат.  Доколку имаат потреба од помош земјоделците можат да ја побараат во подрачните единици на министерството.

Пријавувањето се однесува за директните плаќања за растителното производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и живина.

Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентираните парцели со состојбата заклучно до 15 март 2019 година.

Ва сточарското производство барањата за субвенции се поднесуваат врз основа на евидентираните животни заклучно со бројната состојбата на денот на поднесување на барањето и ажурирање на нивниот број во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.