Успешен епилог за проевропските партии
Проевропските партии во Европската Унија добија нова шанса на последните избори.....

Европската народна партија и социјалистите, иако со помалку пратенички места, остануваат најсилна струја во новиот парламент... Националистите во подем, особено во Франција, Италија и Унгарија
Уште еден успешен изборен епилог за проевропските партии. Иако се соочија со сериозна загуба на пратенички места, партиите на десниот и на левиот центар остануваат и натаму најмоќни блокови во Европарламентот. Европската народна партија освои 178 мандати, додека Партијата на европските социјалистите ќе игра со 153 пратеници.
Манфред Вебер - Кандидат на Европската народна партија
Најважната порака е да ги запреме кризните времиња, кризните размислувања во Европа и да почнеме оптимистчка перпсектива за Европа за да им покажеме на граѓаните дека можеме да постигнеме многу заедно. Треба да формираме Европа на народот, сакам да основам Комисија на народот, ЕНП се бореше за тоа и сега има мандат за истото.
Франс Тимерманс - Кандидат на европските социјалисти
Стабилноста не е првиот збор кој ме асоцира на Европа. Стабилноста значи да се одржуваат работите какви што се. Според мене, не е потребно тоа за Европа. На Европа и треба динамика, поглед кон иднината и чекори да се приближи до истата. Народот го бара тоа од нас, па ако ги оствариме овие работи, ќе можеме да покажеме дека конструктивната и коооперативната политика дава резултати, а национализмот носи само страв и омраза.
Ултрадесничарите и евроскептиците триумфираа во Италија, Франција и Унгарија. Подем бележат и Европските либерали и Зелените, кои поради зацврстените позиции, ќе учествуваат во преговорите со водечките партии за новите функции на челните позиции во европските институции. Средба на оваа тема во Брисел е најавена за вторник. Ден потоа ќе биде објавен извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан.
На овие европски избори е регистрирана и голема излезност од над 50 проценти што е последен ваков одзив од 1979 година. Гласањето мина со инциденти на некои локации. Стотици демонстранти од Жолтите елеци и Црниот блок се судрија со полицијата во Брисел. Инцидент имаше и на централниот плоштад. Во нередите се уапсени над 20 лица.
