Снукер

Нов блесок на Рони О` Саливен

03.03.2014 13:36

Светна бројката од 147 поени крај името на Рони О` Саливен! Победнички фрејм на „Велш Опен“ зачинет со рекорден број на постигнати поени! Никој до сега во снукер историјата немал таков победнички крај!12-ти пат во кариерата најдобриот снукер играч на денешницата постигна ваков резултатски максимум. Со восхитувачка супериорност од  9:3 во фрејмови О` Саливен  го доби финалето против Динг Џунгхуи од Кина.Ова е трет негов триумф на Отвореното првенство на Велс.

Рони О` Саливен во својата 38-ма година, минува веројатно низ најблескавиот период во кариерата.Неговата игра на штотуку завршениот турнир беше недопирлива за противниците. Во полуфиналето го совлада Бари Хоукинс со 6:2, во ¼ финалето го надигра големиот ривал Џон Хигинс со 5:1,претходно  Рики Волден со 4:1...

60 илјади фунти доби Рони О`Саливен за освоеното прво место и уште 12 илјади фунти за рекордниот брејк од 147 поени.

Следниот ранкирен турнир е во Пекинг(Кина) од 31 март до 6 април 2014 година.