КОШАРКА

Богдановиќ најавува битка за златото

10.06.2019 18:04

Плејмејкерот на Србија верува дека со доаѓањето на НБА ѕвездите, шансите на неговата репрезентација се поголеми, за освојување на најсјајното одличје.

Составот на нашиот северен сосед ќе биде зајакнат со доаѓањето на Никола Јокиќ, кој што е најдобар центар во НБА лигата во изминатата сезона.
 
„Никола е еден од нашите најдобри поединци и со него на паркетот, ќе ни биде многу полесно. Тој ни недостасуваше во претходните репрезентативни нстапи.
По тешка сезона, тој се реши да игра на уште едно натпреварување, што не е лесно, а ние максимално го поддржуваме и го поздравуваме овој потег“, вели Богдан Богдановиќ.
 
САД и Србија се најголемите кандидати за пласман во финалето и за медалите, но не смееме да ги исклучиме и другит ерперезентации, како Канада или Австралија, односно останатите европски репрезентации.
 
Фото: fiba.basketball