БЕЛА КУЌА
Утре сенатот за протоколот за пристапување
11.06.2019 11:17
В среда американскиот Сенат ќе се изјасни за протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Претходно ќе заседава комисијата за надворешни работи на сенатот на која што се повикани помошник државниот секретар за САД и за Европа Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, американски заменик помошник секретар за одбрана. По сослушувањето во комисијата, протоколот за членство на Северна Македонија во алијансата оди на гласање во Сенатот.
