ЕВРОВИЗИЈА

Tамара е најдобриот годинашен женски евровизиски вокал – одлучија гласачите за евровизиски радио награди 2019

12.06.2019 10:54

Дури 23, 3 % од гласачите за најдобар женски вокал и’ го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска, што е и прв воопшто трофеј за нашата земја на ова натпреварување. Зад Тамара се КејтМилер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.

Во категоријата за најдобра песна, наградата и’ припадна на победничката"Аркада" во изведба на ДанканЛоренсод Холандија. Нашата PROUD беше рангирана на високото 5-то место. 
 
Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и италијанецот Махмуд на третото место.  
 
Норвежаните КЕИНО се прогласени за најдобра група. 
 
Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од  1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.