ПОВИК

Наскоро нов оглас за бизниси на село

13.06.2019 10:51

Платежната агенција ги повикува земјоделците да ги подготват документите доколку сакаат да аплицираат за бизниси на село.

Новиот оглас од ИПАРД 2 програмата ќе биде објавен наскоро, а за инвестицијата корисникот ќе има право на поврат од 65 проценти од вложените пари.

Сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, фарми за зајаци, дивеч, насади за дрва, рибници, отворање на кино, радиодифузно претпријатие во рурални средини, сместувачки капацитети, ресторани и други угостителски услуги можат да ја  подготват потребната документација за аплицирање на новиот повик.

Барањата ќе се доставуваат до платежната агенцијата, а средстават се обезбедени од ИПАРД 2 Програмата.

Заинтересираните ќе можат да аплицираат за поврат на 65 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција, а на располагање им се обезбедени од 8 до10 милиони евра.

На последниот повик за оваа Мерка за диверзификација на фармите и развој на мали бизниси се склучени 23 договори со вкупна вредност од 4,3 милиони евра.

Целта е да се создадат услови за развој на малите и средни претпријатија како важен фактор за вкупниот раст на домашната економија.