КОНСОЛИДАЦИЈА

Нови правила за окрупнување на нивите

26.06.2019 14:16

Земјоделците кои имаат повеќе мали парцели на различни места можат да конкурираат на проектот на ЕУ, за консолидација на земјоделското земјиште.. Рокот за доставување на изјавите за интерес трае до први јули годинава..

Проектот финансиран од Европската Унија ги поканува сите сопственици на земјоделско земјиште да учествуваат на јавниот Повик за изразување на интерес за учество во консолидацијата, односно во окрупнувањето на земјоделското земјиште.

Право на учество имаат групи на сопственици чие што земјиште се наоѓа на иста територија.

Проектот е да им се помогне на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги надминат проблемите со големата расцепканост на земјиштето, малите парцели и несоодветната земјоделска инфраструктура.

Целта е и да се зголеми продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на фармите, со што ќе се зајакне потенцијалот на земјоделскиот сектор во земјата.

Рокот за доставување на изјавите за интерес е до први јули годинава.

Упатството и документите може да се подигнат в ресорното Министерство, подрачните единици и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.