ИСПЛАТА

Субвенции за градинарите

28.06.2019 10:46

Во 2019-та година градинарите имаат право на субвенциите по 3 основи.

Финансиската поддршка следува за производството на отворено,  за производството  во пластеници  и во оранжерии,  како и за предадениот зеленчук во домашните преработувачки капацитети.

Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари за културата што ја одгледуваат вкупно имаат право на финансиска поддршка од 30 000, а 36 000 за поголеми површини, односно од 1 до 5 хектари.

 За лубеници, дињи и тикви се планирани по 6 000 денари или 600 денари повеќе доколку имаат површини од 1,5 до 5 хектари.

Висината на директната финансиска поддршка за грав и за спанаќ е 20 000 односно 24 000 денари за помалите градинари со површина од 1,5 до 5 хектари.

Висината на поддршката од 99.000 денари по хектар е за производството од оранжериите, продадено на домашен пазар или извезено во странство во периодот од 1 јануари до 15 мај 2019 година.

За зеленчукот предаден во конзервната индустрија од 26 декември 2018 до 25 декември 2019 година, се добива по 3 денари за килограм.

Малите земјоделци со вкупни површини од 0,2 до 0,5 хектари имаат право на 6 000, а до 1 хектар на 12 000  денари. Пријавувањето за субвенциите е до 30 јуни годинава.