Нови можности за закуп на земјоделско земјиште
Новите измени на законот за закуп на земјоделско замјиште влезе во собраниска процедура.

Со измени на законот се предвидува можност за градба на објекти на државно земјоделско земјиште. Лицата до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнината во првите 3 години.
Земјоделците ќе можат да земат земјоделско земјиште под закуп од државата и на него да градат спортско-рекреативни комплекси, угостителски објекти, ресторани и други капацитети.
Оваа се клучните измени во Законот за земјоделско земјиште, кои се влезени во собраниска процедура.
Измените на законот се дизајнирани за зголемување на овој вид на инвестициите од страна на земјоделските стопанства, со што ќе се зголеми искористеноста на европските пари со аплицирње во ИПАРД- програмата.
Новините треба да овозможат и поголемо вклучување на младите лица до 40 години кои ќе бидат ослободени од плаќање на закупнината 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште.
Се решава и проблемот на пчеларите со недостигот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјиште за оваа цел.
И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.
