Повторно таа пуста СЕХА лига
Стигна на ред и 16-тото СЕХА коло за одигрување на ракометниот Македонски вице првак Металург. Војводина ќе биде противникот во арената Борис Трајковски. Онаа истата Војводина која Металург ја збриша на нејзин терен и истата која пак Вардар го понижи на Скопски паркет и истата која е 6-та во поредокот со минус 4 бода од сините.
Концентрацијата во шампионската лига дали можеби прави дефокус од регионалната, ако цениме по трите врзани понижувачки порази на момците на Червар од Машков, Нексе и Партизан.

„Што да кажам, во 14 дена играме 6 натпревари. Поминавме 3-4 земји, игравме со Динамо, па Мешков, па Барселона, Нексе, Партизан и утре со Војводина. Можам само да кажам дека сме страшно преморени. Практично воопшто не тренираме, само патуваме и играме”, вели Червар.
Значи терет е СЕХА лигата, добро... замор, напор, патувања. Ако пак не би била таа, тогаш би се свеле на 10-те шампионски натпревари, да, исцрпувачки, ама од септември до март, само тоа и само толку. Каде и каква е поентата, не баш јасно, но јасно е за в година, барем по она што го истакна предводникот на сините..
„Ние би требало следната година од почеток да инсистираме СЕХА лигата да корист за стекнување на искуство, тоа е многу важно. Приоритет да не бидат резултатите, туку пред се нашите играчи, посебно помладите и оние кои помалку играат, за на такви натпревари да се челичат“.
За оваа се вети место во завршната регионална 4-ка. Војводина стои утре на патот за пребродување на СЕХА кризата.
Десното вардарово крило Гоце Георѓиевски вели- „утре не очекува тежок натпревар се работи за една квалитетна екипа, а нашите шанси за фајнел-фор завршницата си ги сведовме на минимум.”
Утре арена Борис Трајковски и МРТ 1, 17:45 Металург-Војводина.