РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
Нови цени на нафтените деривати
01.07.2019 16:07
Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,44%.

Регулаторната комисија одлучи максималната цена на безоловниот бензин БС-95 да се зголеми за 1,5 денари, додека БС- 98, дизелот и екстралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Поскапува и мазутот за 1,612 денари за килограм.
Причини за зголемување на цените се растот на берзанските цени на бензините и на дизелот, како и промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.
