ВРЕМЕ
Утре жолта фаза, температури до 40 степени
02.07.2019 14:03
Топлотен бран со температури од жолта фаза.. Се очекува утре да достигнат 40 степени, велат од УХМР..

УВ индексот ќе биде 9.. Од утре до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.. Од министерството за здравство апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, да консумираат лесна храна и течности.. Препорачуваат хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија..
