СТОПАНСТВА

Се продава земјиштето под оранжериите

03.07.2019 10:45

Осум компании кои стопанисуваат со оранжерии ќе можат да го купат земјиштето на кое се наоѓаат објектите. .

Со тоа  треба да се реши проблемот на градинарите чии стакленици се во нивна сопственост, но се изградени на државно земјиште. Со добивањето на имотните листови ќе имаат право да го прошират и да го кредитираат производството.

На последниот јавен повик 8 сопствениците на оранжерии кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа објектот , а кое што во моментов е во државна сопственост.

Право на учество на јавниот повик имаа физички и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и на помошните објекти во стопанскиот двор.

Проблемот настана кога инвеститорите пред неколку години ги купуваа оранжериите, но немаше можност да го купуваат и земјоделското земјиште кое остана под закуп.

Со стекнувањето на имотните листови земјоделците ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, ќе можат да ги прошируваат објектите, да земаат кредити за нивно реновирање и модернизација, а ќе можат и да го остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД 2 програма. Досега без документот за сопственост немаа право да аплицираат за европските пари.