ПАРИ

Финансиска поддршка за порибување

04.07.2019 10:52

Со 1,5 милиони евра државни пари ќе се финансира зголемувањето на рибниот фонд во Mакедонија.

Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои ќе бидат субвенционирани за оваа  активност и за другите инвестиции во рибарството. Пријавувањето е во тек.

Финансиска поддршка  е наменета за набавениот порибителен материјал за рибниците во период од 01 февруари до 30 мај  2019 година.

  Средствата се исплаќаат скалесто и тоа до 100 проценти за купен или произведен сопствен подмладок до 2.500 килограми. Од 2500 до 5000 кикограми  следуваат 75, а за поголема килажа субвенцијата е до 25 отсто од вредноста на подмладокот.

Право на користење на овие стрдства имаат субјектите со дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за продажба и кои немаат увезено риби во периодот од декември 2018 до декември 2019 година.

Право на субвенции за набавен подмладок имаат и субјектите кои се регистрирани за дејноста аквакултура и се запишани во регистарот во Министерството за земјоделство и имаат купено подмладок од рибник наменет за трговија.

Краен рок за доставување на барањата за исплата на средствата  е  15 јули 2019 година.