ГРАДЕЖНИШТВО

,,Договорени градежни работи за 34% повеќе од лани“

08.07.2019 16:24

Градежниците годинава очекуваат да се вратат на старите патеки на раст, а резултатите од првиот квартал охрабруваат.

Расте бројот на одобренија за градење, особено во нискоградбата, додека опаѓа во високоградбата. Градежниот сектор во првиот квартал на 2019 бележи раст во учеството на БДП од 7%, а учеството во неговата структура е зголемено за 0,2 процентни поени. Биле договорени градежни работи за третина повеќе од истиот период лани.

Андреја Серафимовски –претседател на Здружение за градежништво

„Во перидот оа јануари до април 2019 година биле договорени градежни работи во вредност од 47 милјарди денари ,што е еден од подрастичните порасти  и тоа за 34,34%.Во истиот период лани биле извршени градежни работи во вредност од 6,2 милијарди денари, односно номиналната вредност на вкупно извршени  работи бележи пораст од 7,2%.“

Градежните компании интензивно работат на инфраструктурни проекти договорени со ЈП за државни патишта на повеќе патни правци, а притоа финансиските ефекти се за третина поголеми во однос на лани.

Андреја Серафимовски –претседател на Здружение за градежништво

„Преку ЈП за државни патишта за првите 6 месеци од 2019 се реализирани 4,43 милијарди денари  или  во однос на лани имаме скок  од 38,37%.“

Во второто полугодие се планира довршување и отпочнување на изградба, реконструкција и рехабилитација на 60 патни делници, како и санација на свлечишта, мостови, изградба на звучни огради и собраќајна сигнализација во вредност од речиси 9,84 милијарди денари, вели Серафимовски. 

    

Кога е во прашање регулативата градежниот еснаф бара да заврши мораториумот за градење во најатрактивните општини во земјава и очекува Собранието навреме да ги  донесени законите за урбанистичко планирање и за градба, без притоа со многубројните амандмани, во последен момент, да се намали квалитетот на регулативата.

Свето Николовски