Наскоро нов оглас за бизниси на село од ИПАРД 2
Платежната агенција до средината на овој месец треба да го објави новиот оглас од ИПАРД 2 програмата.

Дотогаш земјоделците треба да ги подготват документите доколку сакаат да аплицираат за бизниси на село. За инвестицијата, корисникот ќе има право на поврат од 65 проценти од вложените пари.
Во првата половина на овој месец, платежната агенција треба да објави нов оглас за средставата од ИПАРД 2 програмата. Сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, фарми за зајаци, дивеч, насади за дрва, рибници, отворање на кино, радиодифузно претпријатие во рурални средини, сместувачки капацитети, ресторани и други угостителски услуги можат да ја подготват потребната документација за аплицирање на повикот.
Барањата ќе се доставуваат до платежната агенцијата, а средстават се обезбедени од ИПАРД 2 Програмата.
Заинтересираните ќе можат да аплицираат за поврат на 65 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција, а на располагање им се обезбедени од 8 до10 милиони евра.
На последниот повик за оваа Мерка за развој на мали бизниси се склучени 23 договори со вкупна вредност од 4,3 милиони евра.
Целта е да се создадат услови за развој на малите и средни претпријатија како важен фактор за вкупниот раст на домашната економија.
