САД
Меѓународна воена коалиција за Иран и Јемен
10.07.2019 16:05
Со меѓународна коалиција, воените власти во САД планираат да ги штитат водите на Иран и Јемен.

За проектот постои интерес и од многу други земји, тврдат високи функционери во Пентагон. Пречекорениот праг на збогатување ураниум од Техеран на вонредна седница свикана од европските потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година.
САД планираат формирање на меѓународна воена коалиција за заштита на водите околу Иран и Јемен. Целта е да се обезбеди слободна навигација во регионот во кој постојат важни трговски рути. Според високи претставници на Пентагон, многу земји се заинтересирани за формирање на ваква коалиција, особено по минатомесечните инциденти со танкерите и дронот во Персискиот Залив.
Бенјамин Нетанјаху - Премиер на Израел
Имам турнеја низ воздухопловната база, ги разгледувам сите оружја, системи и авиони. Зад мене е „Адир“, Ф-35-ката. Неодамна Иран се закани со уништување на Израел. добро е да се запамети дека овие авиони може да стигнат секаде на Блискиот исток, вклучувајќи ги и Иран и Сирија.
Во меѓувреме, европските земји иницираа средба откако Агенцијата за атомска енергија при Обединетите нации потврди дека Иран ги надминал ограничувањата за збогатување на ураниумот. Европскиот блок потписнички изразија загриженост поради тоа што Техеран не се придржува до обврските од Акцискиот план. Висок дипломатски претставник на Франција замина на дводневна посета во Иран.
Маја Коцијанчич - Портпарол за ЕК
И натаму бараме од Иран да не презема дополнителни мерки кои го нарушуваат Договорот. Правиме мног обиди за да се зачува Заедничкиот акциски план кој, како што велам постојано, е клучен договор за безбедноста на регионот и пошироко, односно за глобалната безбедност.
Минатиот месец, Вашингтон ги обвини силите поддржани од Иран за напад врз два танкера во Персискиот Залив. Потоа беше соборен и американски дрон за набљудување, кој според Техеран, влегол во неговиот воздушен простор. Од Вашингтон ги негираа обвинувањата и предупредија дека ќе одговорат соодветно. Заливската земја се закани дека ќе го блокира Ормутскиот теснец доколку не биде во можност да извезува нафта поради санкциите кои им ги воведе претседателот Доналд Трамп откако се повлече од Нуклеарниот договор.
