ПЧЕЛИ

Пчеларите очекуваат добар род

11.07.2019 10:45

Пчеларството во Македонија може да биде сериозен бизнис велат експертите.

Потенцијали има иако во голем процент производството на мед зависи од климатските услови и кај нас не е на посакуваното ниво. Каков ќе биде бероиќето годинава ќе се види за неколку дена кога пчеларите ќе почнат со вадењето на медот од кошниците.

Годинава ќе има добар принос на мед и се очекуваат по 20 килограми по кошница, во зависиност од тоа како и каде се одгледувани пчелите.

Годината почна лошо велат пчеларите, март беше сушен, немаше дожд, но потоа природата направи чудо. Почна да врне, вегетацијата наеднаш збуи, а пчелите во роеви тргнаа на паша. Во средината на јули кога ќе се отворат кошниците ќе се знае и коклу точно мед ќе се собере.

Пчеларите  очекуваат оваа година да биде медоносна. Сметаат дека по неколку лоши сезони кога состојбата беше катастрофална и кошниците останаа празни оваа година ќе бидат наградени со доволно мед иако состојбата од село до село се разликува.

Пчеларството како економска гранка ќе се исплати многу повеќе и може да стане сериозен бизнис  доколку се отстранат техничките недостатоци во овој сектор, порачуваат експертите.

Потребен е селектран репроматеријал, матици и роеви, медоносни растенија и селидбено пчеларење. Од проблемите кои остануваат да се решат се повеќе последици се чувствуваат и од поголемото и се по интензивно користење на средствата за сузбивање на пчелните болести кои ги загадуваат и нектарот и поленот.