ОХРИДСКО ЛЕТО

Почнува 59. Охридско лето

12.07.2019 10:47

Со концерт на светски познатата виолинистка, Ванеса Меј вечерва на Антички театар ќе биде отворено 59. Издание на фестивалот „Охридско лето“.

Вљубениците во уметноста во  40-те фестивалски денови ќе имаат можност да уживаат во над 40 културни настани на светски, но и домашни познати имиња на сцените на Антички театар, Долни Сарај во црквата „Света Софија“, но и во нејзиното преддворје, во центарот за култура „Григор Прличев“, како и на други локации низ градот.