Утревечер во МНТ премиерно „Не се клади на Енглези“

03.03.2014 15:31

Проектот е инициран од тројцата актери кои играат во претставата, Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ...

На малата сцена во Македонскиот народен театар утревечер премиерно ќе биде изведената претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Синиша Евтимов.

Проектот е инициран од тројцата актери кои играат во претставата, Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ.

Проектот го почнале во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски го одложиле за септември 2013 година.

Режисерот Ефтимов истакна дека  претставата е за пријателството,  за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.