Ќе почне продажбата на зелената нафта
Земјоделците ќе ја купуваат зелената нафта од бензиските на Мак петрол.

Компанијата треба да ги испечати картичките, а подрачните единици на министерството да ги достават до фармерите. Критериумите за оваа финансиска поддршка се големината на површините и видот на земјоделското производство. Вкупно за оваа намена се обезбедени 200 милиони денари за 55 000 земјоделци.
Макпертол која го доби тендерот ќе треба да ги испечати платежните картичи, потоа да ги достави до Платежната агенција која преку Подрачните единици ќе ги распределат на земјоделците.
Фармерите за земјоделска механизација ќе можат да купуваат исклучиво „Еуродизел“ гориво, се додека не ги потрошат парите на картичката.
Зелената нафта ќе се добива врз основа на големината на земјоделската површина и видот на земјоделските култури, пријавени во барањето за финансиска поддршка во 2018 година, освен за тутунот, и ќе изнесува по 30 проценти од трошоците за обработка на нивите.
За житата, однодно, пченица, јачмен, пченка, рж, ориз и други култури субвенцијата за зелената хафта изнесува 750 денари за хектар.
Леќата, кикириките, сончогледот, соја, афион, добиточна и маслодајна репка, памукотот и луцерката ќе се подржуваат со 1 125 денари по хектар.
Во градинарството земјоделците ќе имаат право на 2 250 денари по хектар, а овоштарите ќе добиваат по 2 800 денари за хектар.
