ЛОС АНЏЕЛЕС

Црквите ги шитат мигрантите од депортација

15.07.2019 14:21

Црквите во Лос Анџелес – засолниште за мигрантите на кои им се заканува депортација.

Акцијата се спроведува низ десетина градови... Претседателот Доналд Трамп ја префрла битката против доселениците и во конгресот. На демократските претставнички со потекло од друга земја им порача да се вратат во татковината и таму да ги решаваат проблемите.

Десетина цркви во Лос Анџелес се засолниште за семејствата на мигрантите на кои им се заканува депортација од САД по наредба на администрацијата во Вашингтон. Во акцијата се опфатени десетина поголеми градови. Поради најавената операција беше организиран протест во центарот на Чикаго против мигрантската политика на претседателот Доналд Трамп. Слични собири се одржани и во други градови на САД, а во Феникс полицијата уапси 16 лица.

Киша Ленс- Ботомс - Градоначалничка на Атланта

Се обидуваме да добиеме информации. Не мора да ја отворате вратата. Подгответе план и следете што се случува.

Ова е програма за тероризирање. Ако ја видите дефиницијата на ООН за геноцид, ќе сфатите дека акцијата на Трамп и Пенс е, всушност геноцидна програма.

Марти Волш - Градоначалник на Бостон

Трамп е строг за миграцијата, нему му е позната потребата за миграција. Има вработено мигранти, тие работеа на неговите имоти, хотелите кои ги поседува. Ајде да направиме реформа, договор околу ова прашање. Конгресот, Сенатот, Претставничкиот дом и Претседателот треба да сoработуваат и да создадат закон за миграцискиот систем во Америка.
 

Трамп ја заостри политиката кон мигрантите во САД, особено кон оние кои се обидуваат да ја минат јужната граница на незаконски начин. Поради лошите услови во притворните центри каде што се сместени и деца, неговата администрација беше остро критикувана од страна на демократите.

Доналд Трамп - Претседател на САД

Милиони луѓе чекаат да станат наши државјани. Полагале тестови, учеле, го учеле и англискиот јазик. Направиле многу. Чекале со години да влезат. Не е фер некој да мине гранична линија и веднаш да стане американски државјанин.

Битката ја префрли и во Конгресот каде што им порача на демократските конгресменки со обоена кожа да се вратат во родните места и таму да ги решаваат проблемите на владите кои, како што вели, се „катастрофални и преполни со криминал“. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси ги осуди коментарите и додаде дека неговата политика за „Голема Америка“ била всушност идеја за „Бела Америка“.