ПРОЦЕДУРА

Агенцијата за стокови резерви ќе откупува пченица

16.07.2019 10:35

Агенцијата за стокови резерви објави јавен оглас за откуп на пченица.

Ова го бараат и земјоделците за да може да дојде до стабилизирање на откупната цена која се движи од 9 до 10 денари за килограм. Огласот ќе трае до 1 -ви август.

Агенцијата за стоковни резерви годинава ќе откупи 7.165 тони домашна меркантилна пченица за потребите на државата.

На овој  начин се оценува дека мелничарите ќе бидат повеќе мотивирани да ја откупуваат домашна пченица за потоа да ја понудат на Агенцијата за стоковни резерви и да се постигне солидна откупна цена за домашното жито.

Жетвата на пченицата е почната , а од министерството велат дека ги следат приносите и квалитетот.

Досега се ожнеани повеќе од 30 проценти од засеаните површини со остварен просечен принос од околу 3,5 тони по хектар во зависност од регионот.

 Според првичните проценки оваа година се очекува производство од пченица да се  движи од 240.000 до 250.000 тони или за околу 4 отсто поголемо производство од 2017 година. Пченицата е засеана на околу 70.500 хектари.

Земјоделците бараат пченицата да чини минимум 12 денари за килограм а деновиве таа се откупува од 9 до 10 денари во зависност од квалитетот.