КЈУБИ

Земјоделците ги осигуруваат имотите

17.07.2019 11:10

Земјоделците се почесто  ги осигуруваат своите имоти. Според агенцијата за супервизија на осигурувањето бројот на склучените договори е зголемен за 55 проценти. Сепак осигурителните компании, според фармерите, нудат скапи  полиси  кои целосно не ги покриваа ризиците во производството.

Последните временските непогоди кој уништија дел од овошките и од земјоделските посеви во охридско-преспанскиот регион повторно го актуелизираа прашањето за осигурување на насадите.

Податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека бројот на склучени договори за земјоделското осигурување се зголеми за 55 проценти и постојано расте  во последните неколку години, а најголем број осигурувања имало лани.

Вкупната премија пораснала за 66 отсто, за 2018 земјоделското осигурување изнесувало повеќе од 260 милиони, а во 2017 година 157 милиони денари.

Земјоделците преку осигурувањето на своите посеви по основ на исплатени штети досега земале 207 милиони денари.

Земјодлеците сепак се уште претпазливо гледаат на осигурувањето на своите ниви иако за осигурителните полиси добиваат субвенции од државата во висина од 60 проценти од трошоците.