БЛИСКИ ИСТОК

Исчезна нафтен танкер во Персискиот Залив

17.07.2019 15:35

Нафтен танкер исчезна во Персискиот залив, САД испратија воен генерал на Блискиот Исток.

Велика Британија најави  уште еден воен брод во Персискиот Залив, но од министерството за одбрана наведуваат дека ХМС Данкансе префрлува таму поради континуитет во присуството на безбедносните сили,  а не поради најновиот инцидент.

Воениот командант на САД за Блискиот Исток, генерал Френк Меккензи отпатува на Персискиот Залив по веста за исчезнат нафтен танкер. Бродот „Рија“, кој бил во сопственост на Обединетите Арапски Емирати, пловел низ Ормутскиот теснец, а во негова близина биле забележани ирански бродови. Регионалните новински агенции известуваат државните пловила се обиделе да му дадат помош откако екипажот на „Рија“ побарал асистенција.

Генерален Кенет Френклин Меккензи - Морски корпус на САД

Засега имам само првични извештаи. Очигледно е дека премногу сериозно ги сфаќаме информациите. Ние ги доведовме силите и ги заплаши тоа. Сега сме во период кога повторно прават калкулации, се обидуваат да ја пресметаат нашата намера.
 

Претходно, официјален Техеран се закани дека ќе се одмазди за запленувањето на нивниот брод кој требаше да влезе во Медитеранот, но беше спречен од британските сили поради сомнение дека шверцувал нафта за Сирија.

Ешак Џахангаири - Потпретседател на Иран

Американците сфатија дека Иран најде начин да ја продава својата нафта. Отидоа предалеку, не ги почитуваа меѓународните регулативи, предизвикаа искра во која ќе се заплеткаат сами.

Во 2015 година, Иран се обврза дека нема да произведува атомско оружје во замена за укинување на економските санкции воведени од западните земји. Лани, американскиот претседател Доналд Трамп реши еднострано да го раскине договорот и ги реактивираше казнените мерки за да почнат нови преговори под нови услови. Техеран почна постепено да се откажува од обврските во Договорот, вклучувајќи и збогатување ураниум вон дозволениот лимит. Според ЕУ, прекршувањата од Иран не се во толкави димензии за да се прогласи за неважечки Пактот. Но за да се заштити од последиците врз економијата, официјален Брисел се обидува со алтернативен механизам за трговија да ги заобиколи санкциите од Вашингтон.

Федерика Могерини - Претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ

Земјите-членки се едногласни за потребата за забрзување и зголемување на оперативноста на системот ИНСТЕКС за легитимна трговија со Иран, веќе многу од нив изразија интерес да станат дел од овој инструмент, како и за можноста да се вклучат и земји кои не се во блокот. Ќе продолжиме да правиме напор за Иран да се врати кон извршување на обврските.

Во Оманскиот залив дневно минуваат по 50 нафтени танкери.