Прибирање на податоци од земјоделските стопанства
Националната мрежа за прибирање на сметковотствени податоци од земјоделските стопанства се надоградува.

Средства за овој проект се обезбедени од Европската Унија, а податоците кои се добиваат од фармерите се обработуваат и користат за потребите на земјоделската политика.
Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, се дел од националната мрежа за прибирање сметководствени податоци од земјоделските стопанства, таканаречената ФАДН.
Прибирањето на податоците, односно, проектот кој е финансиран со средства од европските предпристапни фондови почна во 2010 година со репрезентативен примерок од 300.000 земјоделски стопанства.
Тој број сега е зголемен на 700.000, а фармите се класифицирани по економска големина и по типот на производството.
ФАДН или националната сметководствена мрежа е единствената база за економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства во земјава.
Нејзиниото функционирање ќе се надоградува со можност за креирање ефикасни земјоделски политики, следење на трендовите и промените во аграрниот сектор, за поголеми приходи и поголем профит на земјоделците.
Во септември планирано е одржување на Национална конференција за ФАДН на која ќе ќе бидат презентирани резултатите и досегашното работење на системот.
